Оригинално 7D Planet лого7D PLANETТВОЈАТА ПЛАНЕТА ЗА ЗАБАВА
7D PLANET · ВЕРО ЦЕНТАР

Услови за резервација

Политика за поврат на средства

Резервација и потврда

Избраниот слободен термин се чува привремено за уплата на капарот. При онлајн плаќање, резервацијата се потврдува откако банката ќе ја потврди уплатата. До наведениот рок можете повторно да платите преку „Мој роденден“. По истекот, терминот се ослободува. Ако сè уште е слободен, можете повторно да го резервирате и платите. За помош јавете се на 072 223 109.

Со картичка се плаќа на страницата на банката. Враќањето од банката само по себе не е доказ за уплата.

За промени, откажување или поврат, јавете се кај персоналот.

Храна и торта

На прославата може да донесете роденденска торта. Друга храна и пијалаци однадвор не се дозволени. За тортата задолжително приложете декларација со печат или фискална сметка/фактура како доказ за потеклото.

Гостите можат да избираат пијалаци од целото мени. До почетокот на прославата можете да внесете ограничувања во „Мој роденден“ или да му ги кажете на персоналот.

Правилата за посетители се поставени на влезот на секоја игротека и се достапни на нашата веб-страница. Правила за посетители