Правила за безбедна игра
Преземи го оригиналниот документ ↓
7D CINEMA
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
7D Cinema е 3D симулатор со осум подвижни седишта и дополнителни ефекти кои се активираат во текот на проекцијата. За безбедно и пријатно искуство, посетителите се должни да ги почитуваат упатствата на персоналот и следните правила.
НАПОМЕНА: Со купување влезница, резервација и/или користење на 7D Cinema потврдувате дека сте ги прочитале, ги разбирате и ги прифаќате овие правила.
1. Нема возрасно ограничување за користење на 7D Cinema. За деца под 6 години се препорачува да бидат во придружба на родител, старател или одговорно возрасно лице.
2. Пред почетокот на проекцијата посетителот треба да седне на определеното седиште, да ги стави 3D очилата и правилно да го врзе безбедносниот појас.
3. Безбедносниот појас треба да остане врзан за целото времетраење на проекцијата. Не е дозволено станување од седиштето додека симулаторот работи.
4. Доколку посетителот почувствува страв, непријатност или има потреба да излезе, треба да крене рака. Персоналот ќе ја прекине проекцијата и ќе овозможи безбедно излегување.
5. За време на проекцијата не треба да се разговара гласно, намерно да се попречуваат другите посетители или да се нарушува текот на проекцијата.
6. Симулаторот користи движење на седиштата и дополнителни ефекти, како ветер, воздушен млаз, воден спреј, арома, меурчиња од сапуница, вештачки снег и други ефекти, во зависност од избраниот филм.
7. Поради движењето на седиштата, 3D визуелните ефекти и дополнителните физички ефекти, користењето не се препорачува за бремени лица, лица со епилепсија, срцеви заболувања или изразена чувствителност на светлосни ефекти и движење.
8. Максималниот број на посетители во една проекција е 8, по еден посетител на секое седиште.
9. Забрането е внесување храна и пијалоци, пушење и внесување домашни миленици во просторот на 7D Cinema.
10. Не е дозволено фотографирање или снимање за време на проекцијата, освен со претходно одобрение од 7D Planet.
11. Посетителите се должни да ги почитуваат упатствата на персоналот. Доколку некој посетител ги прекршува правилата или ја загрозува сопствената или туѓата безбедност, проекцијата може да биде прекината.
12. Ве молиме да внимавате на личните работи. 7D Planet не одговара за изгубени, заборавени или случајно заменети предмети.
БЕЗБЕДНОСТА И УДОБНОСТА НА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ СЕ НА ПРВО МЕСТО!
PLAYGROUND
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Игротеката 7D Planet - Playground е простор од отворен тип наменет за детска игра и забава. Персоналот е присутен за одржување на редот, почитување на правилата и безбедно користење на просторот.
НАПОМЕНА: Со купување влезница, резервација и/или користење на Playground потврдувате дека сте ги прочитале, ги разбирате и ги прифаќате овие правила.
1. 7D Planet Playground е наменет за деца до 8-годишна возраст.
2. За деца од 3 до 8 години родителот, старателот или одговорното лице треба да биде во непосредна близина и да врши надзор. За деца помали од 3 години задолжително е присуство на родител, старател или одговорно лице внатре во 7D Planet Playground.
3. Поради квалитет и безбедност, максималниот број на деца во 7D Planet Playground е ограничен на 45.
4. Родителот, старателот или одговорното лице е одговорно да процени дали детето може безбедно да ги користи содржините. Доколку детето има потреба од дополнителен надзор, истиот треба да биде обезбеден од возрасното одговорно лице.
5. Вработените се грижат за воспоставување ред и почитување на правилата. Доколку некое дете не ги почитува правилата или се доведува себеси или другите во опасност, ќе биде известен родителот, старателот или одговорното лице, а детето може да биде замолено да го напушти 7D Planet Playground.
6. При влез на дете, родителот, старателот или одговорното лице е должен да остави достапен телефонски број за контакт. Бројот се користи само за комуникација поврзана со детето и престојот во 7D Planet.
7. Пушењето е забрането во 7D Planet Playground.
8. Забранет е влез со домашни миленици.
9. Забрането е внесување храна и пијалоци во просторот за игра.
10. Ве молиме да внимавате на личните работи и да не оставате вредни предмети без надзор. 7D Planet не одговара за изгубени, заборавени или случајно заменети предмети.
11. Поради хигиенски причини, влезот во просторот за игра е без обувки. За децата се препорачуваат чорапи, а возрасните кои влегуваат во просторот треба да користат заштитни калцуни.
12. 7D Planet го задржува правото да не дозволи влез на дете кое има видливи симптоми на заболување или чија здравствена состојба може да претставува ризик за останатите посетители.
13. Забрането е качување по мрежите и заштитните елементи кои го ограничуваат просторот на Playground.
14. Забрането е внесување остри, кршливи или други предмети кои можат да предизвикаат повреда.
ВАШЕТО ДЕТЕ Е ПОД ВАШ НАДЗОР; ПЕРСОНАЛОТ Е ПРИСУТЕН ЗА РЕД И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА.
INTERACTIVE PARK
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Interactive Park нуди динамични и едукативни игри со зголемена реалност кои поттикнуваат физичка активност. Персоналот е присутен за одржување на редот, почитување на правилата и безбедно користење на игрите.
НАПОМЕНА: Со купување влезница, резервација и/или користење на Interactive Park потврдувате дека сте ги прочитале, ги разбирате и ги прифаќате овие правила.
1. Interactive Park е наменет за деца, тинејџери и возрасни.
2. Interactive Park не е класична игротека со штитници и заштитни огради за најмалите. Дел од игрите бараат вештина, координација и физички способности кои различно се развиваат во зависност од возраста. Одлуката детето да игра без непосредна придружба е одговорност на родителот, старателот или одговорното лице.
3. За деца над 6 години родителот, старателот или одговорното лице треба да биде во непосредна близина и да врши надзор. За деца помали од 6 години задолжително е присуство на родител, старател или одговорно лице внатре во Interactive Park.
4. Поради квалитет и безбедност, максималниот број на деца во Interactive Park е ограничен на 60.
5. Родителот, старателот или одговорното лице е одговорно да процени дали детето може безбедно да учествува во игрите и, доколку е потребно, да обезбеди дополнителен надзор.
6. Вработените се грижат за воспоставување ред и почитување на правилата. Доколку некое дете не ги почитува правилата или се доведува себеси или другите во опасност, ќе биде известен родителот, старателот или одговорното лице, а детето може да биде замолено да го напушти Interactive Park.
7. Пушењето е забрането во Interactive Park.
8. Забранет е влез со домашни миленици.
9. Забрането е внесување храна и пијалоци во просторот за игра.
10. Ве молиме да внимавате на личните работи и да не оставате вредни предмети без надзор. 7D Planet не одговара за изгубени, заборавени или случајно заменети предмети.
11. Поради хигиенски причини, влезот во просторот за игра е без обувки. За децата се препорачуваат чорапи, а возрасните кои влегуваат во просторот можат да користат заштитни калцуни.
12. 7D Planet го задржува правото да не дозволи влез на дете кое има видливи симптоми на заболување или чија здравствена состојба може да претставува ризик за останатите посетители.
13. Забрането е качување по мрежите и заштитните елементи кои го ограничуваат просторот на Interactive Park.
14. Забрането е внесување остри, кршливи или други предмети кои можат да предизвикаат повреда.
ИГРАЈТЕ ОДГОВОРНО И ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ УПАТСТВАТА НА ПЕРСОНАЛОТ.
GELLYBALL
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Gellyball е динамична тимска игра во специјално дизајнирана арена со препреки и дополнителни ефекти. Се користат меки гел-топчиња, а за безбедно учество задолжително е почитување на правилата и носење на пропишаната заштитна опрема.
НАПОМЕНА: Со купување влезница, резервација и/или учество во Gellyball потврдувате дека сте ги прочитале, ги разбирате и ги прифаќате овие правила.
1. Gellyball е првенствено наменет за деца над 10 години, тинејџери и возрасни, поради потребната концентрација, разбирање на правилата и почитување на безбедносните упатства.
2. Играч под 10 години може да учествува само со согласност и во придружба/под надзор на родител, старател или одговорно лице, кое пред учеството потпишува изјава дека ја презема одговорноста за детето за време на играта.
3. Строго е забрането напуштање на арената со опремата што се користи за време на играта.
4. Заштитната кацига/маска мора да се носи правилно за целото време додека играчот е во арената. Не е дозволено нејзино вадење за време на играта.
5. Доколку играч ја извади заштитната кацига/маска, играта веднаш се стопира, а играчот ја напушта арената.
6. Поради квалитет и безбедност, максималниот број на играчи во Gellyball е ограничен на 12.
7. Се препорачува облека со долги ногавици и долги ракави, како и удобни затворени обувки соодветни за динамично движење.
8. Играчите се должни да ги почитуваат упатствата на персоналот и правилата на игра. Доколку некој играч ги прекршува правилата или се доведува себеси или другите во опасност, веднаш може да биде исклучен од играта.
9. Родителот, старателот или одговорното лице е должен да процени дали детето е способно безбедно да учествува. Доколку детето има потреба од дополнителен надзор, истиот треба да биде обезбеден од возрасното одговорно лице.
10. Ве молиме да внимавате на личните работи и да не оставате вредни предмети без надзор. 7D Planet не одговара за изгубени, заборавени или случајно заменети предмети.
БЕЗБЕДНОСТА Е НА ПРВО МЕСТО!
